Прва трка оваа година од Ендуро шампионатот за 2020 година, во организација на мото клуб Мото-Велес, Мотоциклистичка Федерација на Македонија  МФМА и Општина Велес.

Мото трката ќе се одржи на 21.06.2020 во недела на езеро Младост.

Натпреварувачки класи на мото трката ќе бидат Е1, Е2, Е3, и Велес Офф Роад за возачи аматери без лиценци.

Следејќи ги препораките од Агенцијата за млади и спорт , околу актуелната ситуација со корона вирусот, трката ќе биде без публика, доколку има промени ќе има накнадно известување, известуваат од мото клуб Мото- Велес.

Се работи за индивидуален спорт каде нема контакт мегу возачите.

Агенда за мото трката

  • 09-10 часот пријавување и техничи преглед.
  • 11.00 старт на трката
  • 16.00 прогласување
  • Ќе се возат 4 круга по 25 километри со еден ендуро тест во секој круг каде се мери времето

Настанот на Фејзбук може да го видите на следниот ЛИНК