Во населба Чашка денес се регистрирани првите два случаи на лица носители на Ковид 19.Апелирам до сите граѓани да не креваат паника и да се почитуваат мерките за заштита.

Денес во телефонска комуникација со матичниот доктор од населба Чашка бев информиран дека едно од позитивните лица е во ЈЗУ Болница Велес, а додека второто е на домашно лекување по препорака на матичниот доктор бидејќи се чувствува добро.Општина Чашка ќе продолжи со спроведување на сите заклучоци и мерки за справување со вирусот .

Воедно упатувам апел до сите наши сограѓани, посебено до жителите од населба Чашка согласно сериозноста на состојбата, да се воздржат од непотребни движења по населеното место,воедно да ги избегнуваат патувањата во други градови, а на оние наши граѓани кои живеат и работат во други општини, да останат таму за претстојниот период што ни следи, бидејќи водиме битка со многу лош и непредвидлив вирус, кој секојдневно кажува дека нема правила.

Во изминатиот период во општина Чашка на сите јавни институции им се дадени заштитни маски. Обезбедени се и поделени прехранбени пакети на семејствата од социјален ризики.

Прв случај на заразени со коронавирус во Општина ЧашкаВо населба Чашка денес се регистрирани првите два случаи на…

Gepostet von Горан Стојановски – Градоначалник на Општина Чашка am Dienstag, 5. Mai 2020