На 07.10.2020 околу 23.00 часот, полициски службеници од СВР Велес од слобода го лишиле Т.Ј.(26) од Велес затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од растението канабис сатива.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.