Во текот на вчерашниот ден во Велес бил пронајден исчезнатиот 57 годишен В.Д кој
на 14.05.2020 неговата сопруга го пријавила за исчезнат откако се оддалечил од домот по кратка расправија со нивниот син и од тогаш активно се трагаше по него.

Како што велат од СВР Велес, тој неколку пати до сега се оддалечувал од домот и бил враќан назад.

За потсетување, на 9-ти овој месец исто така исчезна 30 годишен велешанец, кој се уште не е пронајден.