Во текот на вчерашниот ден околу 19.30 часот во Кавадарци, кај нова крстосница кај Градските гробишта, полициски службеници го лишиле од слобода Р.К.(58) од Кавадарци, поради тоа што во трактор „имт“, со велешки регистарски ознаки, биле пронајдени три лица мигранти – K.С.(22), J.З.(23) и 17-годишник, сите од Авганистан.
За настанот се известени Јавен обвинител и Одделението за прекуграничен криминал, мигранти, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ. Возачот Р.К. бил приведен во полициска станица, додека мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од Министерството за внатрешни работи.