Фондот за здравство да ги изедначи матичните лекари, со оние од државното здравство, побараа денеска приватните лекари.

Тие ја поздраввуваат одлуката за зголемување на платите на лекарите од инфективните клиники и итната помош, но го потсетија Министерството за здравство дека матичните лекари биле први на удар во борбата со коронавирусот. Затоа, побараа Фондот да им ги исплати двете заостанати капитации.

Чолакова Дервишова го потсети Министерството за здравство дека целиот товар на скринингот на населението во Дебар паднало на матичните лекари, кои тоа го спровеле успешно. Но, приватните лекари и понатаму се дискриминирани во однос на државните, смета таа.

Вчера Владата најави дека најизложените здравствени работници во борбата против КОВИД-19 ќе ги награди со 20% од основната плата за два месеци.

Тука се вклучени докторите и медицинскиот персонал на Клиниката за инфективни болести, инфективните одделенија, Инситутот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје, како сите членови на тимовите од итна медицинска помош. До почетокот на овие вести не добивме одговор од Фондот за здравство дали барањата на приватните лекари ќе бидат разгледани.