На денешен ден е роден голем светски музичар кој заслужил секој од нас да знае барем нешто за него. Филип Лафонтен е познато име на светската музичка сцена и многу наградуван музичар во Белгија, Франција и Канада.

Фактот кој сите велешани треба да го знаеме е дека на ден 5-ти мај во 1990-тата година во Загреб, тој ја претставува неговата држава Белгија со песната „Мојата Македонка“ (Macédomienne), посветена на неговата сопруга Виолета, од Велес, со која тие имаат неколку дечиња.

 

Уште поинтересен е фактот што само оваа негова песна е комерцијализирана, бидејќи како што стои во неговата биографија, песната е отпеана со љубов а љубовта нема цена. Тој подарил само 500 примероци од песната на радио и тв-куќите.

Лафонтен денеска го прославува својот 65-ти роденден, и воедно одбележува јубелејни 30 години од постоењето на „Мојата Македонка“ – песна која своевремено ги освои срцата на евровизиската публика.

 

Извор :