Во средата на 27.05.2020 во територијалната противпожарна единица во Велес било пријавено дека во село Богомила, околу 20:30 часот се запалила плевна во сопственост на М.Б (62) од Богомила.

Од СВР Велес соопштуваат дека во пожарот нема повредени лица, туку е настаната матријална штета. Изгорел дел од кровната конструкција и околу 400 килограми сено.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес.

На помош на гасењето на пожарот се вклучило и локалното население, соопштуваат од СВР Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.