Пожарникарот Борче Хаџи Василев интервенирал по повик од граѓани да фати змија и жива ја извади од подрумот од една куќа.

– Јавна благодарност до ППЕ од Кавадарци, кое фати змија на повик од граѓани од граѓани која влезе во подрум во куќа во Кавадарци. Благодарност и за пожарникарот Борче Хаџи Василев, за покажаната храброст, пишува во објавата на Фејсбук.

Неофицијално според изгледот на змијата, станува збор за неотровна, од видот смок кои се хранат со глодари и престојуваат во места во кои има глувци и други глодари.

Јавна благодарност до ППЕ од Кавадарци кое фати змија на повик од граѓани која влезе од склонопаден објект во подрум во куќа во Кавадарци,и пожарникарот Борче Хаџи Василев за покажаната храброст 🐍

Gepostet von Реално Кавадарци am Montag, 18. Mai 2020