Секојдневно во билтенот на СВР Велес во извештајот регистрирани се напади на кучиња скитници. Изминатите 2 дена имаше регистрирано двајца нападнати велешани од кучиња скитници.

Во текот на вчерашниот ден повторно е заведен во СВР Велес ваков случај. Се работи за велешанец на 65 години кој бил нападнат на главната улица во центарот на Градот.

Во билтенот на СВР Велес стои дека на 31.05.2020 околу 15.00 часот во Полициската станица Велес, Л.Т.(65) од Велес пријавил дека на ул.„Благој Ѓорев“ бил каснат од куче скитник.