По неколку дневна пауза во Велес повторно регистрирани случаи на Ковид 19. Регистрирани се 3 нови заразени лица, а едно лице е оздравено. Со ова бројката на активни случаи во Велес изнесува 18.

Во продолжение целосниот извештај од Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје-35,
Куманово-15,
Штип-17,
Прилеп-3,
Тетово-4,
Струга-3,
Велес-3,
Битола-8,
Охрид-3,
Кавадарци-2,
Гостивар-8,
Крива Паланка-1,
Кочани-1,
Демир Хисар-5,
Берово-1,
Свети Николе-1,
Кичево-8,
Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од:
Скопје-22,
Куманово-10,
Штип-12,
Тетово-26,
Струга-1,
Велес-1,
Битола-4,
Пробиштип-2,
Демир Хисар-1,
Кратово-1,
Св.Николе-2,
Кичево-3,
Ресен-4.

Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (65, 66 и 73 години) и пациент од Гостивар (72г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617, бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117. Од вчерашните 5 теста се конторлни и се евидентираат денес.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4779, активни 1814
• Куманово 1038, активни 296
• Дебар 193, активни 123
• Штип 809, активни 441
• Прилеп 330, активни 57
• Тетово 1027, активни 228
• Струга 440, активни 190
• Велес 216, активни 18
• Битола 135, активни 70
• Охрид 272, активни 87
• Кавадарци 55, активни 38
• Гостивар 424, активни 258
• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 35, активни 23
• Крива Паланка 24, активни 10
• Радовиш 29, активни 23
• Крушево 15, активни 9
• Кочани 98, активни 25
• Пробиштип 50, активни 26
• Демир Хисар 31, активни 27
• Македонски Брод 19, активни 15
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 2
• Валандово 6, активни 0
• Виница 8, активни 4
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 13, активни 7
• Свети Николе 221, активни 179
• Кичево 142, активни 94
• Ресен 145, активни 33
• Неготино 25, активни 5 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1325 теста се преку: ИЈЗ-333, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-152, Биотек-218, МАНУ -85, Жан Митрев (Филип Втори)-234, Систина со PCR метода -163, Судска медицина -8, ЦЈЗ Битола-75, Инфективна клиника-15, ГАК-19. Досега во земјата се направени вкупно 100940 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациент. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 2 деца позитивни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти.

На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.