Несреќен случај се случил во текот на вчерашниот ден кога при извршување на работни задачи 58 годишен велешанец се здобил со повреда. Тој веднаш бил пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош.

Случајот го потврдија и од Секторот за внатрешни работи Велес.

На 19.10.2020 год. околу 12.00 часот В.А.(58), извршувајќи работни задачи во фирма во Велес, се здобил со повреда, по што бил пренесен во велешката болница за укажување на лекарска помош.