Во време на најголемата епидемија, Центарот за јавно здравје во Велес 10 дена немаше одговорно лице.

Доктор Анастасија Иванова е новиот директор на јавната здравствена установа Центар за јавно здравје, по именувањето од страна на Министерството за здравство. Иванова е дипломираниот специјалист по микробиологија со паразитологија. Во последните пет години е началник на лабораторијата.

Таа доаѓа на местото на Тони Димитриев кој беше разрешен од страна на министерството за здравство, после извршениот надзор од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Кај него беа утврдени низа на пропусти во работата на ЦЈЗ Велес при справувањето со корона вирусот. Според информациите за пропустите во Центарот за јавно здравје, вработените не носеле заштитна опрема и не се правеле епидемиолошки анкети на зараените од Ковид 19.

Примопредавањето од страна на Димитриев на функцијата директор на ЦЈЗ Велес официјално ќе биде утре.

Центарот за јавно здравје Велес е регионален поточно во негов состав функционираат единиците во Свети Николе, Кавадарци, Неготино и Гевгелија.