Шпанските медиуми јавуваат дека поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Едвин Конго е еден од десетмината уапсени за шверц на дрога.

Операцијата за сузбивање на шверц на кокаин била спроведена во Мадрид, а еден од главните осомничени е поранешниот колумбиски фудбалер. Тој моментално се наоѓа во полициска станаци, а истрагата и натаму е во тек.

Конго беше дел од Реал Мадрид од 1999 до 2002 година, а потоа играше и за Валјадолид, Виторија Гимараеш, Тулуз, Леванте, Спортинг Хихон и Рекреативо.