фото (вечер.мк)
СВР Велес поднесе кривична пријава против Д.В.(24) од Кавадарци – полициски службеник во ОВР Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 19.07.2020 во Полициската станица Кавадарци пријавениот, со службена автоматска пушка во помошна дежурна просторија, каде биле присутни и други полициски службеници, при проверка, ненамерно испукал еден куршум, кој завршил во таванскиот дел на просторијата.