Според денешната статистика на министерството за здравство, во Општата болница во Велес почина од Ковид 19 пациент на 76 години. Пациентот во болницата бил хоспитализиран на 06 мај.

Ова е 6ти случај во Велес, на починато лице од коронавирусот.

Денес имаме и едно новорегистрирано лице заболено од Ковид19.

До денес во Велес се регистрирани 109 случаи од коронавирусот. Од нив активно заразени се 50 случаи.