Како резултат на компликации проследени од Ковид-19, во Швајцарија почина десетмесечно бебе од Македонија, а веста за тамошните медиуми е потврдена од страна на одделот за инфективни болести во Берн.

Според овие информации, бебето живеело со неговата баба во Скопје, а неговите родители работеле во Швајцарија, во Арагау.

Детето, како и неговата баба по тестирањето биле позитивни на Ковид-19.

„На 26 мај, дете под една година беше транспортирано од Рега во Детската болница во Цирих. Бебето беше во тешка состојба и имаше позитивен тест на КОВИД-19. Подоцна бебето почина“, изјави Ивон Хумел, доктор од Арагау, каде работеле родителите на детето.