Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов поладнево на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на КОВИД-19, а резултатот е од денешно тестирање.

Тој напиша дека има добра клиничка слика,  благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.

– Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се преземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид-19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому. Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.Чувајте се и чувајте ги другите околу вас, напиша Шилегов на Фејсбук.

Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита…

Gepostet von Петре Шилегов am Samstag, 20. Juni 2020