Во текот на изминатото деноноќие, 19/20.05.2020 година, на ниво на Секторот за внатрешни работи Велес пет лица во Велес не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Во овој период две нови регистрирани лица со Решенија за изолација, и тоа, едно во Велес и едно во Неготино, а со Изјава за самоизолација нема нови лица. Вкупно со Решение во изолација има 137 лице, од кои 130 во Велес и седум во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 24 лица, од кои 16 во Велес, три во Кавадарци и пет во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.