На 21.05.2020 во 09.00 часот на регионалниот пат Неготино – Демир Капија, во близина на место викано „Острово“, С.Д.(69) од Скопје, управувајќи мотоцикл „томопар 150Т“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Неготино. Увид извршила екипа од СВР Велес.