(ФОТО/АРХИВА)

На 22.07.2020 околу 08.25 часот било пријавено дека на влез на Железничка станица „Јане Сандански“ во Скопје, патнички воз, кој сообраќал на релација Кочани-Велес – Скопје, со предните тркала од локомотивата излегол од шините, по што удрил во метален столб.

Во незгодата нема повредени лица, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Железничкиот сообраќај во правец Скопје – Велес бил во прекин повеќе од 5 часа.