На ден пред големиот Илинден во организација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Велес, во селото Ораовец се одржа панихида за покој на војводата Јован Наумов Алабакот и гемиџијата Милан Арсов.

Војводата, Јован Наумов Алабакот заедно со својата чета и по задушувањето на Крушевското востание, дејствува во насока на остварување на сонот за слободна Македонија. 1907 година во месноста Белица, кичевско загинува. Таму првично е и погребан за подоцна посмртните останки му бидат пренсени во родното село Ораовец.

Селото Ораовец не само што го има за свој син Алабакот, туку од ова село потекнува и најмладиот гемиџија Милан Арсов. Тој заедно со уште тројца од солунските атентатори е осуден од турската власт на сртма казна која подоцна е преименувана во доживотен затвор.

Неможејќи да ги издржи тешките услови во затворот Музрук во Сахара, 23 годишниот Милан умира. Пред својата смрт тој им остава аманет на своите другари кои по нивното излегување од затворот го остваруваат. Онака како што им порача тие неговата глава и ја носат на неговата мајка во Ораовец.

ВО СЕЛО ОРАОВЕЦ СЕ ОДРЖА ПАНИХИДА ЗА ВОЈВОДАТА ЈОВАН НАУМОВ – АЛАБАКОТ И ГЕМИЏИЈАТА МИЛАН АРСОВ На ден пред големиот…

Gepostet von ВМРО-ДПМНЕ ОК ВЕЛЕС am Samstag, 1. August 2020