На 01.05.2020 во 08:20 часот во Полициската станица Кавадарци од ЈЗУ Општа болница Кавадарци било пријавено дека кај нив бил донесен Р.О.(49) од Кавадарци.

Тој додека вршел работни задачи во фабрика, паднал и се здобил со тешка телесна повреда.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.