Кога светот беше погоден од здравствена криза, Тод Грејвс реагираше брзо за да ја спаси својата компанија од пропаѓање.

Тод Грејвс ја основа Raising Cane’s во 1996 година против советот на неговиот бизнис професор на државниот универзитет во Луизијана, кој сметаше дека синџирот што продава само пилешки прсти никогаш нема да работи. Повеќе од две децении подоцна, компанијата со седиште во Луизијана се рашири на приближно 500 локации и оствари приход од 1,18 милијарди американски долари во 2019 година.

Сепак, како и секој друг ресторан, Raising Cane’s беше погоден од кризата – продажбата падна за 25 проценти кога стапија на сила рестриктивни мерки низ целата земја во средината на март. Но, за разлика од другите ресторани, Raising Cane’s не отпушти ниту еден од своите 25.000 вработени. Всушност, Грејвс неодамна откри дека планира да ангажира уште 5.000 луѓе, исплати бонуси од 2 милиони долари и вели дека продажбата е за 10 проценти од пред-кризните проекции во 2020 година.

Сега Грејвс се обидува да им помогне и на други бизниси во Батон Руж и Далас, трошејќи околу 185,000 американски долари од средствата на неговата компанија за картички за подароци во локалните ресторани во тие градови.

Кога наредбите за седење дома стапија на сила во март, Грејвс и другиот директор на компанијата веднаш решија да се откажат од своите плати – најверојатно до крајот на годината – и побараа од персоналот да помогне во зачувувањето на работните места на останатите колеги со работење помалку часови. Сите освен 13 од 500-те локации на Raising Cane’s имаат драјв тру, што му помогна на ланецот на ресторани да продолжи да работи.

Работниците на локациите што немаат драјв тру беа префрлени во други ресторани, со еден исклучок: Вработените во центарот на градот Батон Руж беа ослободени од работа за да изработуваат заштитни маски за болнциите низ целата земја – и досега се произведени над 10.000 маски.

Важно е, вели Грејвс, луѓето да останат мотивирани со тоа што ќе се сплотат околу една поголема цел: зачувување на работните места на своите колеги, грижа за здравјето и безбедноста на клиентите и вработените, спасување на компанијата и, секако, клиентите да бидат нахранети.

Луѓето се подготвени да работат напорно кога чувствуваат дека прават нешто благородно, вели тој за своите вработени.