Министерството за внатрешни работи на својата веб страна денеска објави листа со имиња и презимиња на 35 физички и правни лица на кои не може да им бидат доставени решенија за извршени прекршоци.

Се повикуваат горенаведените физички и правни лица, во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на ова соопштение да се јават во просториите на Одделението за прекршоци Скопје -5, Комисија за одлучување по прекршок, во објектот на МВР на РСМ-Сектор за прекршоци на улица „Димитар Туриманџовски„ бр.1 нас.Лисиче (до Трговскиот центар) –Скопје, во својство на странки за прием на горенаведените решенија, секој работен ден од 08,30-16,30 часот, на кои согласно член 385 ст.3 од Законот за безбедноста на сообраќајот на патиштата, доколку не се задоволни од донесеното решение ќе можат да поведат управен спор пред Управниот суд на Република Северна Македонија. –