Со исцрпување на фондот 500.000,00 денари за доделување субвенции за купување на нови велосипеди, како и 500.000,00 денари за доделување субвенции за купување сончеви термални колектори што по предлог на градоначалникот Коцевски ги одобри  Советот на Општина Велес, финасиска помош од општината за оваа намена добија вкупно 216 жители на Општина Велес.

По принципoт на „прв дојден, прв услужен”, субвенции за купување велосипеди добија 167 жители на Општина Велес, а 49 за сончеви термални колектори.

За оваа акција и партиципативност на локалната власт имаше извонреден интерес кај велешани. Користењето на велосипедите како алтернативно превозно средство и употребата на сончевите термални колектори придонесува за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух, а со тоа и унапредување во заштитата на животната средина.

Со клик на полињата подоле можете да видите дали сте во списоците.

СПИСОК НА БАРАТЕЛИ – ВЕЛОСИПЕДИ

СПИСОК НА БАРАТЕЛИ – СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОРИ