Општина Велес неделава започна  со уредување на просторот помеѓу мост „Гемиџии“ и Мало мовче, од десната страна на Вардар, за времено паркирање на возила.

Како што информира градоначалникот Аце Коцевски, со овој проект до изградба на катна гаража, ќе го ублажат проблемот со недостиг на паркинг простор во централно градско подрачје.

Инаку, Општина Велес планира да ја изгради првата катна гаража на просторот кај сегашниот паркинг до Автобуската станица во Велес.

ВРЕМЕН ПАРКИНГ ДО МАЛО МОВЧЕЗапочнавме со уредување на просторот помеѓу мост Гемиџии и Мало мовче, од десната страна…

Gepostet von Ace Kocevski am Mittwoch, 27. Mai 2020