Жителите на т.н. Сателитска населба, лоцирана на Езерото Младост, никако да го добијат патот што им следува. За да стигнат до домовите, морат да возат по несафалтиран и тотално руиниран пат, кој самите го поправаат, а Општина Велес никако да го овозможи она што им следува.

Велат дека нема ни тампон, ни тротоари, никаково улично осветлување, а никој не го ни собира сметот. Сите тие имаат уредно платени комуналии, но општинарите до сега само ветуваат, но ништо не изведуваат.

„Го разгледавме буџетот за 2020 и е малце разочарувачки каде има одвоено само 3,000,000ден за изградба на неколку патишта вклучувајќи и некој во населбава а одвоено 4,000,000ден за кружен тек, да бидеме начисто ние не бараме услуга ние бараме да се направи тоа што ни следува и веќе сме го платиле“ велат граѓанитево дописот до општина Велес, која псотојано им одговара дека работат на случајот, но никако да го направат она што засконски и правно им следува на жителите на оваа населба.

Одговорот од општината на нивните апели е само уште едно ветување, за конкретни датуми и активности:

„Со градежни активности ќе се започне по завршување на тендерската постапка и избор на економски оператор за асфалтерски работи.“ велат од Општина Велес.

Граѓаните најавуваат дека, доколку Општината не им излезе во пресерет за она што им следува, ќе преземат и поригорозни мерки за остварување и заштита на своите основни права.

 

Извор :