Општина Велес денес преку својата официјална веб страна соопшти дека општинарите од понеделник ќе работат со редовно работно време.

Во прилог соопштението на општина Велес:

„Општина Велес ја известува јавноста дека од 27 април 2020 година (понеделник), општинската администрација ќе започне да го применува редовното работно време од 07:30 до 15: 30 часот.

Жителите на Општина Велес своите потреби и барања можат да ги остварат и поднесат преку Граѓанскиот сервис центар и архивата на Општина Велес, помеѓу 10:00 и 14:00 часот, секој работен ден од понеделник до петок.“

Исто така од понеделник 27 април и Јавното комунално претпријатие Дервен се враќа со работа со старото работно време. Администрацијата на ЈКП Дервен започнува со работа во 07:00 часот до 15:00 часот.