Општина Чашка доби десет таблети од тетовската компанија „Еколог интернационал“. Како што информира градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски  таблетите ќе бидат наменети за ученици од ООУ„Тодор Јанев“ и  ОУ „Лирија“, а кои се од социјално загрозени семејства.

–Од име на Општина Чашка ја примив донација од 10 таблети на компанијата „Еколог интернационал“ и семејството Дестани од Тетово  им се заблагодарив за нивната хуманост, изјави Стојановски.

Инаку пред десетина дена оваа тетовска компанија додели 50 таблети на Општина Велес, кои беа  наменети за ученици од социјално ранливи семејства од велешките училишта.

ДОНАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ОПШТИНА ЧАШКАОд име на Општина Чашка денес примив донација од 10 таблети на компанијата …

Gepostet von Горан Стојановски – Градоначалник на Општина Чашка am Dienstag, 5. Mai 2020