18 C
Veles
петок, 18 септември, 2020 | 08:38

ОЈО: Постапки против четворица велешани поради прекршување на полицискиот час

86

Основното јавно обвинителство Велес до велешкиот Основен суд поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица кои го сториле кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

– Oбвинителството на Судот му предложи на обвинетите за стореното кривично дело да им изрече парични казни во висина од 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Обвинетите биле затекнати од  полициски службеници како се движат пеш или со автомобил по улиците низ градот додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија.