Вчера наутро во 05:30 часот била ограбена бензинска пумпа во Велес, на улицата Благој Ѓорев. Крадецот со закана ги одзел парите од дневниот промет на бензиската. Случајот веднаш бил пријавен во СВР Велес а од таму велат дека се работи на расчистување на случајот.

На 02.11.2020 околу 05.30 чaсот во СВР Велес било пријавено дека на бензинска пумпа на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес едно лице со закана од вработениот ги одзело парите од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.