По состанокот во петокот, англиските клубови се надеваат дека ќе се вратат на теренот, но нема да преземат никакви чекори без одобрение од владата.
Премиерлигашите ја повторија желбата да ја завршат сезоната 2019-20, која е суспендирана уште од март поради пандемијата на коронавирус.

Клубовите на лигата се состанаа во петокот за да разговараат околу следните чекори, но рекоа дека за време на состанокот не се донесени никакви решенија и дека ништо нема да се случи без одобрение од владата.

„На состанокот на акционерите во Премиер лигата денес, клубовите разговараа за можните чекори кон планирање за продолжување на сезоната 2019-20, кога е безбедно и соодветно да се стори тоа“, се вели во соопштението.