На денешната седница на Владата донесена е одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.

Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.

Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот.