Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 67
– Куманово 1
– Дебар 1
– Штип 33
– Тетово 10
– Струга 5
– Охрид 6
– Кочани 2
– Пробиштип 2

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти.

– Скопје 4
– Тетово 2
– Гостивар 1

Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343.

Во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19.- Скопје 67- Куманово…

Gepostet von Венко Филипче am Montag, 8. Juni 2020