Во текот на вчерашниот ден околу пладне, вработен во ЕВН додека ги вршел работните задачи бил нападнат од куче скитник во пределот на левата нога.

Тој го пријавил настанот во Полициското одделение Чашка.

„На 13.05.2020 во 12.30 часот во Полициското одделение Чашка, вработен во ЕВН пријавил дека додека ги читал електричните броила во нас.Чашка, на ул.„8-ми Септември“ бил каснат од куче скитник на левата нога“, стои во билтенот на СВР Велес.