Вечерва беа нападнати и повредени двајца полицајци од дрвокрадци во атарот на селото Степанци.

Полициската патрола од петмина полицајци била нападната од група на лица кои вршеле безправна сеча на огревни дрва. Повредени се двајца полицајци а еден од нив, како што велат од општата болница Велес, е пренесен на скопските клиники.

Од Секторот за внатрешни работи излегоа со соопштение за овој настан во кое се вели:

Околу 20.00 часот на стариот пат с.Извор – Прилеп, атар на с.Степанци, група на граќани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка.

Досега се приведени 4 лица. Се работи на расчистување на случајот.