Стрип центар на МАкедонија-Велес ги објави наградените стрипови од традиционалниот, 18 ти по ред мегународен стрип конкурс ВЕЛЕС 2020.

Првопласиран ЗЛАТЕН СТРИП (парична награда обезбедена од страна на општина Велес) е Марко Стојановиќ СРБ -Сценарио, Милорад Вицановиќ Маза ( Бања Лука БИХ),Аљоша ТомиЌ СРБ –Колор ТHE ANCIENT- ДРЕВНИОТ

Второ место освоија:
Дејан Богојевиќ –Ваљево СРБ (сценарио) Ана и Сара Живковиќ Белрад СРБ (цртеж и колор) .за стрипот НАПАД
Даниел Данил Романија за стрипот CLOCOCIOV

Третото место го освоија:
Катерина Тери Николова цртеж и Александар Стеванов за стрипот ПРИКАЗНА ЗА
БЕЗБОЈНОТО МЕЧЕ
Исмет Ердиќ БИХ за стрипот ПРЕВИД

Најдобар македонски стрип
Ѓорги Антевски,Куманово за стрипот КАТАРЗА

Најдобар автор до 14 г
Марија Арсова Велес за стрипот ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОВИД 16

Најдобар до 18 г
Тамара Мишовска,Скопје за стрипот КАЛИНКИ

Најдобар дебитантски стрип
Јована Ангелковска,Брвеница за стрипот УМРЕВ НА ЗАЈДИСОНЦЕ

Највозрасен учесник :
Тоде Блажевски, Скопје за стрипот ПОЛИТИЧАРЧЕ

Најмлад учесник
Јана Стојановиќ Лесковац (6 години)

Најмлад учесник од нашата држава
Василиса Радева Скопје(7 години)

Најдобро сценарио
Предраг Гуриќ СРБ за стрипот ПОСЛЕДНИОТ ИТАЛИЈАН

Најдобар уметнички израз
Ана Tрифуновиќ –Србија за стрипот СИТНИЦИ

Најдобар цртеж
Осман Хајдаревиќ БИХ за стрипот 4 ИСТРЕЛИ ЗА СЕМ КАРСОН

Специјална награда од организаторот освоија 
Мариа Јакај , Албанија
Светлин Трендафилов Бугарија

Награди за соработка:
Лесковачка школа стрипа СРБ
ФАНТАСТ -уметничко студио на Емилија и Стојче Тоциновски,Скопје
проф Шпенд Бенгу( Албанија)

Според Томе Трајков, заради ситуацијата со КОВИД 19 намален е бројот на пријавени стрипови од странство, освен од Балканските земји. Од нив посебно го подвлекуваме бројот на пријавени автори од соседна Албанија –(9- девет). Стрип центарот на Македонија ја продолжува својата улога на организација -ментор ,во интерес на развојот на 9та уметност на Балканот.
Но ,мораме исто така да подвлечеме дека за прв пат досега ,бројот на пријавени стрип автори од Македонија е поголем од бројот на автори од другите земји. Имено од вкупно пријавено 176 автори 106 се од Македонија. Постигнат е и квантитет и квалитет, македонската стрип сцена има солидна кадровска перспектива , потребна е финансиска поткрепа за натамошни активности :стрип школи, изданија ,изложби, фестивали, мегународна размена и слично.