Граѓаните кои живеат на улицата кај основното училиште Васил Главинов, се видно вознемирени и незадоволни од новите сообраќајни решенија.

Како што велат тие, обележани се места за паркирање кои се наоѓаат точно пред влезовите на зградите.

Според вертикалните сообраќајни знаци, поставени неодамна на оваа улица, но и на другите улици во околината се забележува дека ќе се воведуваат нови сообраќајни решенија на овој потег на градот.

Улиците ќе бидат едносмерни заради зголемениот обем на сообраќај, како и заради основното општинско училиште Васил Главинов.

Очекуваме наскоро и презентација од локалните власти на овие нови сообраќајни решенија.