Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 28.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,00 ден/лит, додекамалопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 28.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемуваза0,302ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.09.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 25,968ден/кг. Акцизите на нафтените деривати во сите групи на малопродажни цени се утврдени согласно со прописитеза акцизи.

Во малопродажните цени утврдени со оваа Одлука содржани се: надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина го плаќаат обврзниците утврдени со овој Закон и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон при увоз и/или производство на нафтени деривати.