Општина Градско и ЈКП „Клепа“ од Градско ги започнаа  активностите за разубавување на централното градско подрачје со нови цветни аранжмани на јавните површини.

Како што информира градоначачникот на Општина Градско Роберт Бешовски, Општина Градско и ЈКП „Клепа” и оваа година ја изведуваат  акцијата за засадување на пролетни цвеќиња и нивна декорација,
-Со разубавување, освен за жителите на Градско,  се придонесува и за поубав впечаток на сите кои со  своите возила секојдневно минуваат низ Градско, а кој отсекогаш бил и е   многу фреквентна населба како раскрсница на многу патишта, рече  Бешовски.