Во период 28/29.05.2020 год. има oсум нови регистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, седум во Велес и едно во Неготино, а со Изјава за самоизолација нема нови лица. Вкупно со Решение во изолација има 75 лица, од кои 53 во Велес, 11 во Кавадарци и 11 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има едно лице во Велес.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.