фото (вечер.мк)

Во текот на изминатото деноноќие, 06/07.05.2020 година, на ниво
на Секторот за внатрешни работи Велес нема регистрирано граѓани кои не ја
почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.

Во овој период има 43 нови регистрирани лица со Решенија за
изолација и сите се од Велес, а со Изјава за самоизолација има пет нови лица сите се
од Велес. Вкупно со Решение во изолација има 134 лице, од кои 110 во Велес, шест во
Кавадарци и 18 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 65 лица, од кои
46 во Велес, десет во Кавадарци и девет во Неготино.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај
лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки.