Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.096 тестирања, а регистрирани се 1.064 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-541, Куманово-57, Дебар-4, Штип-46, Прилеп-24, Тетово-57, Струга-23, Велес-44, Битола-43, Охрид-33, Кавадарци-25, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-23, Крива Паланка-8, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод- 4, Пехчево-7, Берово-3, Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-25, Ресен-6, Неготино-10.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 507 оздравени пациенти од: Скопје-163, Куманово-36, Дебар-4, Штип-19, Прилеп-30, Тетово-30, Струга-16, Велес-39, Битола-20, Охрид-21, Кавадарци-17, Гостивар-15, Гевгелија-9, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-17, Пробиштип-8, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-3, Виница-5, Кратово-2, Свети Николе-6, Кичево-9, Ресен-3, Неготино-2.

Починати се 25 лица, тројца пациенти од Скопје (62, 82 и 75г), тројца од Тетово (46, 77 и 83г), двајца од Прилеп (71 и 79г), еден од Крушево (40г), пет пациенти од Куманово (34, 49, 49, 66 и 62г), четири пациенти од Битола (71,72, 73 и 75г), еден пациент од Гостивар (65г), еден од Кавадарци (69г),еден од Крива Паланка (75г), еден пациент од Струмица (70г), еден пациент од Валандово (60г), еден пациент од Пехчево (69г) и еден пациент од Свети Николе (68г). Од нив, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 44898, бројката на оздравени пациенти е 26289, на починати е 1263, а бројот на активни случаи изнесува 17346. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 19736, активни 8137
• Куманово 2940, активни 783
• Дебар 406, активни 91
• Штип 2100, активни 487
• Прилеп 2024, активни 824
• Тетово 3056, активни 1037
• Струга 1030, активни 245
• Велес 1356, активни 740
• Битола 1240, активни 625
• Охрид 1092, активни 475
• Кавадарци 835, активни 383
• Гостивар 1658, активни 522
• Гевгелија 552, активни 221 (26 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 95 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1303, активни 625
• Крива Паланка 322, активни 109
• Радовиш 336, активни 128
• Крушево 62, активни 34
• Кочани 975, активни 312
• Пробиштип 287, активни 99
• Демир Хисар 145, активни 71
• Македонски Брод 123, активни 20
• Пехчево 79, активни 19
• Берово 272, активни 79
• Валандово 129, активни 38
• Виница 262, активни 130
• Делчево 338, активни 180 (87 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 112, активни 69
• Свети Николе 603, активни 149
• Кичево 884, активни 388
• Ресен 328, активни 116
• Неготино 313, активни 210 (24 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3096 теста се преку: ИЈЗ-717, ЦЈЗ Скопје-142, Авицена-354, Биотек-409, МАНУ -273, Жан Митрев (Филип Втори) -249, Систина со PCR метода -347, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-19, ЦЈЗ Битола-93, Инфективна клиника-17, ГАК-0, Синлаб-81, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -311, УК Пулмологија со алергологија – 0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 286.181 тестирања на Ковид -19.