Од ноќва по полноќ, се воспоставува нов режим на сообраќај, со еднонасочно одвивање на сообраќајот по улиците: Др Христо Татарчев, Никола Карев и 11. Октомври, сите улици околу ООУ Васил Главинов.

Улиците се соодветно обележени со хоризонтална и вертикална сигнализација.

Посебно значење и дадовме на зоната околу училиштето Васил Главинов, каде заради поголема безбедност на децата, поставивме сигнализација ЗОНА 30 и ШКОЛО, објави градоначалникот Аце Коцевски на својот фејсбук профил.

Тој апелира за внимателно возење и за почитување на сообраќајните знаци и на насоките за движење на возилата.

НОВ ЕДНОНАСОЧЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈОд ноќва по полноќ, воспоставивме нов режим на сообраќај, со еднонасочно одвивање на…

Gepostet von Ace Kocevski am Mittwoch, 20. Mai 2020