Градоначалник Аце Коцевски на својот фејзбук профил објави дека Велес станува попретпознатлив по ѕидното сликарство и упати јавна благодарснот до стрип центарот за новиот мурал кој го добива градот.

Благодарение на стрип уметниците од ЗГ Стрип центар на Македонија, предводени од Ване Трајков, Велес ќе добие уште еден ѕиден мурал на армирано бетонски ѕид под Градски саат. Велес станува се попрепознатлив по ѕидното сликарство – напиша тој.

НОВ ЅИДЕН МУРАЛ ВО ВЕЛЕСБлагодарение на стрип уметниците од ЗГ Стрип центар на Македонија, предводени од Ване Трајков,…

Gepostet von Ace Kocevski am Freitag, 5. Juni 2020

 

Инаку мотив во муралот е КРАЛЕ МАРКО а се наоѓа на локацијата под градскиот саат и е во склоп на годинешната програма на Министерството за култура.

Ова е вторпат Министерството за култура да поддржи ваков проект од наша страна, но СЦМ досега веќе има изработено 5 мурали на фасади во градот .Овие стрип мурали, први од ваков вид во Македонија, се протегаат на различни локации и се вистинска атракција како за жителите на Велес, но ја збогува и неговата туристичка понуда.Праксата на цртање на мурали е многу честа во светот, посебно е интересен градот Ангулем/Франција откаде ги добивме првичните идеи и искуства, изјави Томе Трајков – координатор на овој проект.

На муралот се  работи со акрилни фасадни бои и специјални четки од страна на веќе воиграниот тим: Ване Трајков(како главен цртач) и Анита Гочева и Горан Мазнев(асистенти).

Праксата на изработка на мурали низ Велес ќе продолжи и натаму, во склад со финансиската поддршка од државата и др.донатори. Оваа уметност е веќе прифатена помегу граѓаните на Велес , нивните коментари при поминување низ оваа прометна улица го докажуваат тоа. Се надеваме дека интерес за овој тип на творештво ќе се пројави и низ други градови од државата  – додава Трајков.