Жените тешко ќе ви признаат дека размислуваат за секс, а поголемиот дел од нив ќе ви кажат дека тоа воопшто не им паѓа на памет, но лажат.

Новото истражување покажало дека на жените таквите мисли во главата им доаѓаат многу почесто отколку што тие признаваат, поточно, во просек 18 пати дневно.

Истражувањето кое што го спровела страницата за запознавање луѓе „Illicit Encounters“, покажало дека жените во просек на секс размислуваат на секоја 51 минута, доколку се пресмета дека дневно спијат по 8 часа.

Сепак, мажите донекаде го оправдале митот за тоа дека постојано мислат на секс, затоа што истражувањето покажало дека тоа го прават на секои 28 минути.

Истото истражување покажало дека 59 отсто од жените редовно фантазираат за сексуален однос со своите поранешни момчиња, додека пак таа бројка кај мажите изнесувала 49 отсто.

Извор :