Пет лица се полесно повредени кога кран се урна во пристаништето во северниот германски град Росток, соопшти полицијата.

Дел од кранот паднал на брод во кој, во моментот на несреќата , имало 120 лица.

Инцидентот се случил при тестирање на кранот, што бил прикачен на бродот.