Еколошка катастрофа во Велес. Утринава ужасен мирис се ширел од реката Вардар. Луѓето кои рекреирајќи се утрово во градскиот парк ја осетиле оваа миризба и како што велат тие, се осеќала низ целиот парк.

Случајот веднаш бил пријавен до одделението за животна средина, но од таму добиле одговор дека нема подрачен инспектор за животна средина, дека веќе биле информирани за овој инцидент и дека не се случува за првпат.

Utrinava uzasen miris se siri od rekata Vardar. Verojatno nekoj ima ispusteno nedozvoleni materii, se somnevam deka e nafta. Rekata e kafena. Da izlezat ispekcii na teren!

Gepostet von Daliborka Zlateva am Sonntag, 14. Juni 2020

Во текот на вчерашниот ден се случила хаварија во фабриката Маслодајна. Ова не е прв случај изминатата година на дефект во Маслодајна. Пред неколку месеци се запалија силуси, а овој пат истекло повеќе од пола тон мазут.

Вчера на социјалните мрежи граѓани се жалеа на истекување на мазут на асфалтот пред фабриката, при што се апелираше да не мината граѓаните со возила, заради безбедност во сообраќајот.

За овој случај се обрати и градоначалникот на Велес на својот фејсбук профил:

-Во врска со добронамерните реакции за појавените нафтени флеки во река Вардар, подолжно од местото каде што истекуваат отпадните води од каналот до ЈКП Дервен, ви ги давам следните почетни информации:
Вчера во претпладневните часови, поточно во 10.50 минути во СВР Велес е пријавена хаварија на резервоар за мазут на Фабрика за масло ,,Благој Ѓорев”.
Од резервосрот според првичните проценки на улицата ,,Алексо Демниевски” истекле околу 500 литри мазут, напиша Коцевски

ЗА ХАВАРИЈАТА НА РЕЗЕРВОАРОТ ЗА МАЗУТ ВО МАСЛОДАЈНА И ЗА ФЛЕКИТЕ ВО ВОДИТЕ НА ВАРДАРПочитувани сограѓанки и…

Gepostet von Ace Kocevski am Montag, 15. Juni 2020