12 C
Veles
петок, 25 септември, 2020 | 07:50

НЕОФИЦИЈАЛНО: Денеска над 150 новозаразени

423

Според неофицијални информации од Центарот за јавно здравје, изминатото деноноќие се дијагностицирани над 154 новозаразени со коронавирус, од кои дури 115 случаи се во Скопје, пишува порталот Нетпрес.

Со тоа продолжува растот на бројот новозаразени, откако во средата беа потврдени 125 случаи на инфекција со коронавирусот и рекордни седум смртни исходи. Така, без најновите податоци, за последните десет дена во земјата се регистрирани 1.141 новозаразен и 31 починат.

И поркај тоа, на само дваесетина дена по рекордните бројки од епидемијата на коронавирусот, Македонија треба да оди на избори, според одлуката да се направи измена во Уредбата за изборниот процес, којашто во средата вечерта ја донесе Владата на техничкиот премиер Оливер Спасовски, што очигледно е исполнување на безобѕирните желби на неговиот партиски лидер Зоран Заев.